Со амин од Џафери набавени 100 лаптопи за Собранието

Собранието на Република Северна Македонија склучи договор за набавка на сто преносни компјутери.

Собранискиот спикер Талат Џафери ставил потпис на договор за набавка на преносни компјутери за службите во Собранието.

Собранието на Република Северна Македонија склучи договор за набавка на сто преносни компјутери. Се работи за моделот HP EliteBook 735 G6 Notebook PC, а според набавката, еден лаптоп чини 56 445 денари или 917 евра, без вклучен ДДВ, пишува порталот „360 степени“.

Договорот е склучен со ИТ-компанијата „Неоком“. Таа е должна во рок од 60 дена да ги испорача лаптопите, кои треба веднаш да бидат приспособени за работа и на секој од нив на декстопот да има документ со упатство за користење.

Стоте компјутери Собранието ги добива во период на корона-криза, кога власта и опозицијата се натегаат околу тоа дали парламентот треба да работи онлајн, откако тројца пратеници есенва беа позитивни на ковид-19.

Владејачкото мнозинство во Собранието брои 62 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и коалициските партнери, а опозицијата 58 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата и Алијанса на Албанците и Алтернатива. 

Со онлајн собраниски седници се ризикува политичка криза во Собранието, смета опозицијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот