Оливија Родриго донираше цел приход од концерт, обожавателка: „Спасивте живот во моето семејство“
Пејачката Оливија Родриго се најде во центарот на вниманието откако обожавателка откри дека нејзиниот концерт на Филипините индиректно помогнал да се спаси живот на член од нејзиното семејство.
Препорачано
Според нејзината објава, приходот од билетите за концертот бил дониран на непрофитната организација „Џипајего“, која обезбедува бесплатни прегледи за рак на грлото на матката.
Обожавателката раскажа дека токму преку концертот нејзината тетка дознала за оваа организација, по што направила преглед на кој ѝ бил дијагностициран рак во рана фаза.
„Отсекогаш сум била огромен фан на Оливија, но таа ненамерно спаси живот во моето семејство. На концертот на Филипините мојата тетка дозна за организацијата. Таа доби бесплатен преглед и ракот беше откриен навреме, што ѝ го спаси животот“, напиша таа.
Таа додаде дека само два дена по концертот била организирана и акција за вакцинација против ХПВ во училиштето на нејзината внука.
Родриго, чиј татко е од Филипините, настапи во Манила во октомври 2024 година како дел од својата светска турнеја, при што најави дека целиот приход од билетите ќе биде дониран преку нејзината иницијатива „Фанд 4 гуд“.
Пејачката тогаш истакна дека лично ја посетила организацијата и дека била „длабоко импресионирана“ од нивната работа.
Иницијативата „Фанд 4 гуд“ е дел од нејзината турнеја и има за цел поддршка на проекти кои се залагаат за образование на девојчињата, репродуктивни права и спречување на родово базирано насилство.


