Оливија Њутн-Џон одбива да се вакцинира против ковид-19, нејзината ќерка објаснила зошто

instagram

Оливија Њутн-Џон првпат дознала дека има рак на дојката во 1992 година, а болеста повторно ѝ се вратила во 2013 и 2017 година, а како и нејзината ќерка Клои Латанзи и глумицата е наклонета кон природната медицина.

Во интервјуто за „Хералд сан“, кое го дала заедно со нејзината ќерка Клои Латанзи во неделата, глумицата Оливија Њутн-Џон рекла дека не планира да се вакцинира против коронавирусот. Пред две години беше откриено дека Оливија Њутн-Џон, ѕвезда на филмот „Брилијантин“, користела марихуана во медицински цели, откако по третпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка, во четврти стадиум, во 2017 година.

Марта Стјуарт, Џоан Колинс и Сер Дејвид Атенбороу се наоѓаат меѓу растечката листа на славни личности од А-листата што ја примиле вакцината против ковид-19.

Но, за поборничката на „природната“ медицина Оливија Њутн-Џон (72), вакцинирањето не е на нејзиниот животен список.

Во интервјуто за „Хералд сан“, кое го дала со нејзината ќерка Клои Латанзи (34) во неделата, поп-иконата рекла дека не планира да се вакцинира против смртоносниот вирус.

Не, во овој момент, не – вака одговорила актерката на прашањето дали наскоро ќе се вакцинира, пренесува Индепендент.

Иако Њутн-Џон не објаснила зошто не сака да се вакцинира, нејзината ќерка Клои Латанзи ги споделила своите необични ставови за вакцинацијата, наведувајќи дека е против „ставање жива и пестициди во (нејзиното) тело“, а кои, според неа, се наоѓаат во многу вакцини.

Латанзи, која верува дека „вистинскиот лек е она што доаѓа од земјата“, води фарма со канабис во Орегон со нејзиниот партнер Џејмс Дрискил и нема никакви научни или медицински квалификации, подвлекува „Индепендент“.

И покрај тврдењето дека „не е антиваксер“, ќерката на Њутн-Џон додала дека луѓето „им веруваат на вакцините затоа што лекарите велат дека се безбедни“.

Латанзи тврди дека таа „направила истражување“ и засега верува дека вакцините не се безбедни.

Ако имав можност да земам билки и растенија како бебе, наместо да ми вбризгуваат токсини, ќе го направев тоа – инсистирала таа.

Вакцинациите се од витално значење за намалување на ширењето болести што можат да се спречат, а секоја ваква сугестија е штетна за науката и за советите на медицинските експерти низ светот.

Тоа доаѓа откако Клои Латанзи ги сподели своите ставови во врска со вакцините и пандемијата на ковид-19 во објава на Инстаграм минатиот месец.

Во сега избришаната објава, Клои се претстави како антиваксер и тврдеше дека маските за лице можат да предизвикаат „здравствени проблеми“. Таа дури тврдеше дека луѓето „плачеле пред неа бидејќи не можеле да дишат и дека сега имаат здравствени проблеми, по носењето маски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот