Олена и Володимир Зеленски за „Вог“: Не се сомневаме во победата на Украина, тоа ни дава сила да продолжиме

олена зеленска
Олена и Володимир Зеленски позираат за „Вог“ / Фото: Принтскрин/Инстаграм/voguemagazine

Олена Зеленска и Володимир Зеленски се појавија во новото дигитално издание на магазинот „Вог“. Тие зборуваа за нивниот брак и војната во Украина.

Имено, првата дама на Украина изјавила дека го запознала Володимир во средно училиште. Започнале да се забавуваат додека студирале, а во 2003 година ја основале продуцентската куќа Квартал 95. Заедно ја снимале сатиричната програма „Вечерен квартал“ во која тој беше главна ѕвезда, а таа го напишала сценариото.

„Хуморот нè зближи. На почетокот на врската правеше шеги на моја сметка“, изјави Олена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Володимир, пак, раскажа како прво го привлекла нејзината убавина, а се вљубил во неа дури кога подобро ја запознал.

Откако започна војната во Украина, тој од безбедносни причини морал да се замине од Олена и нивните деца Александра и Кирил.

„Не знам како ќе ги преживеав овие неколку месеци ако требаше да се разделам од нив. На Володимир му е многу потешко. Тој страда, а и децата страдаат затоа што не можат да се видат“, изјави Олена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Кога претседателот Володимир Зеленски одлучил да се кандидира за функцијата, Олена била многу вознемирена.

„Го почитував неговиот избор и знаев дека ова е важен чекор за него. Во исто време чувствував дека мојот живот и животот на моето семејство ќе се сменат радикално. Промената би била долготрајна и доста сложена“, вели таа.

Сега, среде војна, двајцата како никогаш досега не се потпирале на нивното силно партнерство и брак. Володимир вели дека е многу загрижен за безбедноста на своето семејство, но дека не сака да ги доведе во уште поголема опасност.

„Олена е мојата љубов, но и мојата најдобра пријателка. Таа е патриот, многу ја сака Украина. Исто така, таа е прекрасна мајка“, додаде тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Како што војната во Украина влегува во нова критична фаза, првата дама на земјата, стана клучен играч – дипломат од првите редови и лице на емоционалната жртва на нејзината нација. Олена истакна дека ова биле најтешките месеци во нејзиниот живот и животот на секој жител на Украина.

„Се радуваме на победата. Не се сомневаме во победата. Токму тоа ни дава сила да продолжиме“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Интервјуто е направено во Киев, а за фотографиите е заслужна легендарната Ени Лејбовиц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот