Фото: НМД.мк

Околу гробиштата „Бутел“ во сабота ќе се кружи еднонасочно поради Задушница

Поради одбележувањето на верскиот празник Задушница, утре од 06:00 часот во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Кон градските гробишта „Бутел“ сообраќајот ќе се одвива кружно и во една насока. Возилата ќе се движат по улица „Бутелска“, потоа лево по „Александар Урдаревски“, лево по „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата.

За излез од гробиштата, возилата ќе се движат десно по „Боца Иванова“ до кружниот тек на „Бутелска“, потоа лево по „Бутелска“ и десно по улица „Кемал Сејфула“.

Посебен режим ќе биде воведен и во околината на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров, каде се очекува зголемена фреквенција на возила и граѓани.

Од МВР апелираат граѓаните строго да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот