Околу 64 отсто од младите во земјава поседуваат основни дигитални вештини

Хрватска со 97 проценти има најголем процент на млади на возраст од 16 до 24 години со основни или над основните дигитални вештини меѓу земјите членки на ЕУ.

Околу 64 отсто од младите во Македонија на возраст од 16 до 24 години имаат основни или над основни дигитални вештини.

За споредба во 2019 година над 80 отсто од оваа категорија граѓани од земјите во ЕУ ги поседувале овие вештини се вели во извештајот на „Евростат“.

Хрватска со 97 проценти има најголем процент на млади на возраст од 16 до 24 години со основни или над основните дигитални вештини меѓу земјите членки на ЕУ, по што следат Естонија, Литванија и Холандија – сите со по 93 отсто и Грција со 92 проценти.

Од друга страна, најмал број на лица на возраст од 16 до 24 години со основни или над основните дигитални вештини има Романија – 56 проценти, Бугарија – 58 проценти, Италија – 65 проценти, Унгарија – 68 проценити и Латвија и Луксембург со по 75 проценти.

Процентот се намалува за 24 отсто, на 56 проценти меѓу лицата на возраст од 16 до 74 години.

Во регионот најмал процент на млади на возраст од 16 до 24 години со основни или над основните дигитални вештини има Бугарија – 58 проценти, додека Србија има 79 проценти. За Албанија и Косово нема податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот