ковид-19 болниц
Фото: EPA-EFE/DIMI CHAROUSIS

Околу 2.500 здравствени работници во Грција се во карантин поради ковид-19

Со сериозни проблеми и недостиг на персонал се соочуваат болниците во Грција, со оглед на тоа што околу 2.500 здравствени работници се во карантин поради зараза со ковид-19, според претседателот на Федерацијата на вработени во државните болници Михалис Јанакос, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката телевизија „Скај”, Јанакос рече дека од овие 2.500 лица, речиси половина, односно 1.200 здравствени работници се во областа Атика, поширокиот дел на Атина и се вон битката со пандемијата а 755 од нив се во неколкуте големи болници во Атина.

Паралелно, претседателот на Федерацијата на вработени во државните болници побара да се променат упатствата на Националната организација за јавно здравје и задолжителниот карантин за заразените да се зголеми од пет на десет дена.

Алтернативната министерка за здравство на Грција Мина Гага на прес конференција во средата рече дека поради брзото ширење на Омикрон,  зголемен е притисокот врз здравствениот систем и ќе започне мобилизација на приватни лекари за да помогнат во битката со ковид-19.

Освен голем број здравствени работници, според грчките медиуми, во карантин се и голем број полицајци, околу 2.000 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот