Охридскиот Регион ќе добие ДУП од државно значење за целото крајбрежје

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

За да се спречат активности кои негативно влијаат врз исклучителната универзална вредност на природното и културното наследство во Охридскиот Регион, во текот на оваа година Министерството за транспорт и врски ќе донесе Детален урбанистички план (ДУП) од државно значење за целото крајбрежје на Охридското Езеро со што се очекува да се решат проблемите со сите видови урбана узурпација на крајбрежјето и водите на езерото.

Новите генерални урбанистички планови за Охрид и Струга ќе бидат усогласени за да се примени Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Оваа одлука вчера ја донесе Владата, на која се заклучи дека отстранувањето на ризиците по Охридското Езеро и регионот согласно насоките на УНЕСКО мора да биде врвен приоритет за сите засегнати и надлежни.  

За заштита на водите и езерската флора и фауна во тек е комплетна реконструкција и целосно заокружување на колекторскиот систем долж целиот брег, вклучително и пречистителните станици, за што е формирано посебно државно јавно претпријатие Колекторски систем, и се работи на финансирање за целосна реконструкција на системот.

Во соработка со УНДП, ЕСМ и општините Охрид, Струга и Дебрца, се вршат работи за пренасочување на реката Сатеска како најголемиот загадувач на езерото, во старото корито кон реката Дрим.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот