Охрид СОС: Општински багери направиле пустош крај Коселска Река, сотреле десетици дрвја
Багери на јавно претпријатие на Општина Охрид деновиве направиле пустош чистејќи го коритото на Коселска Река, соборувајќи десетици дрвја стари повеќе децении, алармира денеска еколошкото движење Охрид СОС.
Препорачано
„Наши сограѓани деновиве реагираа дека при чистењето и проширувањето на речното корито при неодамнешните обилни врнежи, на потегот од Извиднички Центар по цела должина на Коселска Река сè до мостот што се наоѓа на стариот пат за Струга, општинските претпријатија имаат направено чистка на десетици врби, багреми, тополи стари повеќе децении“, велат од Охрид СОС.
Оттаму велат дека секое чистење на коритото на реката досега, се внимавало на дрвјата, но не и овој пат.
„Според она што е воочено, сè е срамнето, не e оставено ниту едно стебло. Како што велат ова е прв пат вакво нешто да сторат јавните претпријатија, секогаш кога се чистело коритото на реката се внимавало на дрвјата, но сега е уништен еден цел мал еко-систем кој бил дом на различни видови“, велат од Охрид СОС.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
1час
-
7час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


