Фото: „Охрид СОС“

„Охрид СОС“: Исечени се стебла и вегетација во заштитена зона кај изворите на Црн Дрим

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ објави фотографии, кои велат дека покажуваат исечени стебла и вегетација кај изворите на Црн Дрим во Свети Наум, зона на строга заштита во рамките на Националниот парк „Галичица“.

Како што нагласија, фотографиите се од вчера.

„Реагиравме до Државниот инспекторат за животната средина, Министерство за животна средина и просторно планирање, општинските инспектори и до Националниот Парк ‘Галичица’, со барање веднаш да се изврши вонреден инспекциски надзор и да се утврди кој ја извршил сечата и зошто, дали е добиено одобрение од паркот и од други надлежни институции, а доколку е извршено без одобрение да се спроведат најстроги санкции кон сторителите“, соопштија од „Охрид СОС“.

Фото: „Охрид СОС“

Од иницијативата периодов на повеќе пати реагираа за тековните состојби долж Охридското Езеро и во самиот Охрид. Пред неколку недели, за да се заштити питката вода, „Охрид СОС“ информираше дека поднела иницијатива до Министерството за животна средина и просторно планирање и до Министерството за здравство за да се направат санитарно-заштитни зони околу Билјанини Извори – населба Беј Бунар.

„Охрид СОС“ бара да се направат заштитни зони околу Билјанини Извори за да се зачува питката вода

Исто така, Охрид СОС најде повеќе недостатоци и слабости во Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион. Со овој предлог, според активистите, светското наследство не се третира како интегрален систем, туку институционално раздвоено – природно и културно.

„Сметаме дека без радикално реструктурирање на клучните одредби, сегашните пречки за ефикасно управување ќе останат непремостливи, а деградацијата на регионот ќе продолжи со несмалено темпо. Со овој чин, ние не само што укажуваме на пропустите, туку нудиме и конкретна алтернатива која наместо парцијални интереси, во фокусот ги става долгорочниот интегритет и вистинската заштита на природното и културното наследство на Охридскиот Регион“, рекоа оттаму.

„Клучен проблем е контролата“ – Охрид СОС го критикува Предлог-законот за управување со Охридскиот Регион

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот