Охрид домаќин на триатлонскиот европски куп

facebook.com/TRIATHLONMKD/

Македонска триатлон федерација и локалниот организатор „Спорт за сите, сите за спорт” на 6 и 7 јули покрај „Билјанините извори” во Охрид, ќе ги организира ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019.

Претседателот на федерацијата Иван Михајловски очекува се да помине во најдобар ред.

– Втора година по ред Охрид ќе биде домаќин на голем триатлонски настан. Одличното искуство од ланското ЕТУ Балканско првенство што го реализиравме на истата локација, нѐ измотовира и годинава да направиме уште еден натпревар со кој триатлонската заедница во нашата земја ќе се гордее – порачува Иван Михајловски, Претседател на Македонска триатлон федерација.

Настанот е под покровителство Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет. Пријавувањето за Јуниорскиот европски куп во машка и женска конкуренција се реализира преку националните федерации.

Трката наменета за јуниори, родени помеѓу 2000 и 2003 година ќе се состои од: 750м пливање, 20км велосипед и 5км трчање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот