Охрид доби станица за мерење на аерозагадувањето

Фото: МЖСПП

Екипaта на Министерството за животна средина и просторно планирање започна со поставување на новата автоматска мониторинг станица за следење на квалитетот на амбиентниот воздух во грaдот Охрид. Станицата се поставува на булевар „Туристичка“ во непосредна близина на спортскиот центар „Климент Колески“. Со ваквата поставеност на мониторинг станицата, загадувањето на амбиентниот воздух во Општина Охрид би се мониторирал од аспект на загадувањето од согорување на горива за затоплување на резиденцијални и административни установи, особено поради доминантниот правец на ветерот од северната страна на Охрид, со вклучен удел од сообраќајот, поради близината на Булеварот Туристичка, велат од Министерството.

Мониторинг-станицата ќе биде дел од државната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентен воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање што во моментот брои 21 мерна станица и една мобилна, секоја со по шест мерни инструменти за следење на различни параметри.
Вредноста на мониторинг станицата е околу 100.000 евра, а средствата се обезбедени од буџетот на Министерството. Се очекува најдоцна до средина на ноември мерната станица да биде тестирана и комплетно функционална.

Надградувањето на Државниот мониторинг систем, негово проширување со нови мерни станици и мерни инструменти, како и пристап до информациите од мерењата преку веб страницата на МЖСПП е во согласност со главните стратешки определби и обезбедување континуиран пристап до информации за животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот