Охрид денеска на свој терен игра за европско полуфинале
Ракометарите на Охрид денеска ги очекува нов европски предизвик, сега на домашен терен против грчки Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп.
Препорачано
Охрид во Атина одигра одличен натпревар и славеше победа од пет разлика 31:26 и сега пред своите гледачи треба да го потврди пласманот во полуфиналето, што би бил најголем успех на европска сцена во историјата на клубот.
Тренерот Борис Ројевиќ вчера потенцираше дека нема да биде лесно затоа што пет гола во ракометот можат да се надополнат.
„Пет гола можат да се стигнат лесно. Олимпијакос минатата сезона на гости славеше кај Турда со пет гола разлика, а потоа загуби со четири на домашен терен. Ова е опасен резултат и мора да внимаваме. Дополнителен проблем се повредените ракометари, имаме четворица повредени играчи“, изјави стратегот на охриѓани на вчерашната прес-конференција.
Навивачите сакаат пласман во полуфиналето, а тоа го покажаа и со распродадената сала, па Охрид ќе има максимална поддршка од трибините.
Дуелот во СРЦ „Билијанини Извори“ почнува во терминот од 18:00 часот.
Охрид со апел до навивачите: Политиката да ја оставиме настрана и да испишуваме историја
Охрид со апел до навивачите: Политиката да ја оставиме настрана и да испишуваме историја


