„Огнените“ не се искрени, вели неодамна активираниот ветеран на ДУИ, Рафис Алити

Фото: Фејсбук

Новопоставениот „политички координатор“ во огранокот на ДУИ во Сарај, Рафис Алити, вели дека не претендира да го преземе огранокот, туку да ги обедини политичките активисти и да ги надмине несогласувањата.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети минатата недела го постави Алити за координатор во Сарај, извлекувајќи го политичарот-ветеран од пензија. Сарај е традиционалниот „терем“ на актуелниот градоначалник на општината Блерим Беџети, кој е еден од најистакнатите членови на „огнената група“.

Според Алити, Огнената група не е искрена во своите причини против извршната власт. Пристапот на веќе декларираната фракција тој го оценува како погрешен, бидејќи според него, забелешките треба да се даваат во партијата, а не јавно. Алити зборуваше и за статусот на поранешните борци на ОВК во емисијата Патот Кон…, која се емитува вечерва во 22:20 часот на Алсат.

„Немам амбиција да бидам ниту шеф на огранок, ниту на која било друга функција, напротив, ова го правам затоа што јас и претседателот Ахмети чувствуваме обврска кон електоратот на ДУИ во Сарај кој не поддржува 20 години и ДУИ во Сарај секогаш била победник. Огнената група не е незадоволна затоа што не се работи, оваа група беше против поставување на овие лица кои денес се министри на ДУИ. Тие и пред да се формира Владата го искажуваа своето незадоволство, но на крајот сепак гласаа за Владата“, вели Алити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот