ОФИЦИЈАЛНО: Потврдено првото обвинение против Ивица Тодориќ, сопственикот на „Агрокор”

Обвинителскиот совет на Жупанискиот суд во Загреб го потврди првото обвинение против некогашниот сопственик на „Агрокор”, Ивица Тодориќ, пренесоа хрватските медиуми.

– Одлуката за тоа кога конкретната одлука ќе биде објавена ќе ја донесе претседателот на Обвинителскиот освет во договор со членовите на советот. Со оглед дека станува збор за сложена постапка, проценката е дека конечната одлука ќе се донесе на 17 декември, најави минатата недела портпаролот на Жупанискиот суд, Крешимир Девчиќ, вднаш по првата оддржана седница на Обвинителскиот совет во првата постапка против Ивица Тодориќ во аферата „Агрокор”.

Ивица Тодориќ уште од 2017 година се наоѓа под истрага за незаконско стекнување со повеќе од милијарда куни, пренесува Индекс.

Со истата истрага се опфатени и неговите синови Иван и Анте Тодориќ, како и 12 менаџери и ревизори на компанијата „Агрокор”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот