Официјално: Коларов ја замени Рома со Интер (ФОТО)
Капитенот на српската репрезентација и досегашен член на Рома, Александар Коларов, кариерата ја продолжува во Интер, потврди клубот од Милано. Деталите за договорот не се соопштени, но според италијанските медиуми, договорот е на една година, со можност за продолжување на уште една.
Препорачано
После три сезони во дресот на римската „волчица“, 34-годишниот искусен одбранбен играч одлучи да има нов предизвик во неговата кариера.
Го напушти Рим, но останува во Италија, но како нов играч на „неро-аѕурите“ каде доаѓа по желба на тренерот Антонио Конте.
? | ANNUNCIO
Aleksandar #Kolarov è un nuovo giocatore dell'Inter! ⚫️?
? https://t.co/fss4C9gU2n#WelcomeKolarov #NotForEveryone pic.twitter.com/3HjmxqAATJ
— Inter (@Inter) September 8, 2020
Интер за трансферот на Коларов плати 1,5 милион евра плус милион евра како можни бонуси. Во својата кариера беше дел уште од Манчестер сити, Лацио, ОФК Београд и Чукарички.
Со „граѓаните“ ги имаше досега најголемите успеси, по две титули во Премиер лигата и Лига купот, а по еден трофеј во ФА купот и ФА Комјунити Шилд.
За најдобрата репрезентација на Србија има 91 настап и стрелец на 11 голови.


