Официјално: Ешли Јанг нов играч на Интер! (ФОТО)

фото: твитер

Одбранбениот играч доаѓа од редовите на Манчестер јунајтед, со „неро-аѕурите“ ќе има договор до 30. јуни 2020 година, со можност да остане уште една сезона.

Како што и претходно се најавуваше, тоа денеска и се реализираше, Ешли Јанг (34) е новото зимско засилување на Интер.

Одбранбениот англиски играч потпиша за „неро-аѕурите“ доаѓајќи од Манчестер јунајтед со договор до 30. јуни 2020 година со можност истиот да биде продолжена на уште една сезона.

Договор беше постигнат меѓу двата клуба во четвртокот, Интер плати 1.5 милион евра плус бонуси за дефанзивецот. Ова е уште едно звучно засилување за тренерот Антонио Конте кој минатото лето успеа да ги ангажира Алексис Санчез и Ромелу Лукаку.

Јанг е самиот третиот Англичанец што ќе го носи дресот на Интер, претходно тоа го направија Гери Хиченс и Пол Инс.

Со неговиот претходен клуб Манчестер јунајтед успеа од 2011 година досега да освои по една титула во Премиер лигата, ФА купот, Лига купот, ФА Комјунити шилд и Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот