Официјално: Димитриоски нов играч на Вардар
Левото крило Димитриоски потпиша двегодишен договор со „црвено-црните” и ќе му прави друштво на Тимур Дибиров во новата сезона.
Еден од младите репрезентативци на Македонија, Димитриоски веќе има искуство со настапите во регионалната СЕХА Газпром лига и во ЕХФ лигата на шампионите.
Играше во квалификациите за ЕП 2020 година во сениорскиот дрес и ги помина и сите младински селекции во репрезентацијата покажувајќи дека е подготвен и за поголеми спортски успеси.
Доаѓа од спортско семејство каде ракометот е спорт број 1, а пет години настапуваше за екипата на Металург. Сезонава го освои Купот на Македонија, а играше и во СЕХА лигата и Лигата на шампионите.
Беше планиран за настап и на последното СП 2019 година, но поради повреда на последниот тренинг пред тргнување отпадна од комбинација.
Претходно Вардар ги ангажираше руските репрезентативци Атман и Горпишин, и летонскиот голман Кугис. Воедно нови договори со македонскиот и европски шампион потпишаа Скубе и Гедбан.