Официјално: Алекс Телеш нов член на ПСЖ

Францускиот тим денеска и официјално потврди дека Алекс Телеш е нов фудбалер.

Најавите од претходните денови, денеска се остварија, ПСЖ успеа да ја победи Барселона и го ангажира фудбалерот на Порто, Алекс Телеш.

За него интерес пројавуваше и Челси, но пресудна беше желбата на самиот дефанзивец да се пресели на „Паркот на принцевите“.

Деталите од договорот не се познати, но медиумите шпекулираат дека висината на трансферот се движи помеѓу 20 и 25 милиони евра.

За медиумите најинтересно во трансферот на Телеш во ПСЖ е токму сумата бидејќи се знаеше дека неговата откупна клаузула изнесува 40 милиони евра, но пандемијата на коронавирусот и суспендираните фудбалски лиги ширум светот ја намалија платежната моќ на екипите и ова е навестување дека цените на трансферите во летниот преоден рок ќе се намалат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот