Владан Милојевиќ/ФК Црвена Звезда

Официјално: Звезда се раздели со Милојевиќ

Еден ден по убедливата победа над Младост Лучани со 4-0, Црвена Звезда официјално го потврди заминувањето на Владан Милојевиќ.

Српските медиуми претходно најавуваа дека натпреварот против Младост ќе биде негов последен, а според информациите, негов наследник на клупата ќе биде Дејан Станковиќ.

„Црвена Звезда ја информира јавноста дека со спогодбен договор е раскинат договорот со Владан Милојевиќ, кој од денес веќе нема да ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб“, се наведува во соопштението на клубот.

Очекувањата се дека Станковиќ ќе биде промовиран како нов предводник на српскиот шампион веќе утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот