Официјално: Во Франција нема да се игра фудбал на 5 мај

Причината за одлуката е споменот на жртвите од катастрофата на стадионот „Фуријани“ во Корзика во 1992 година/Фото: EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Денеска францускиот парламент го усвои законот според кој нема да биде дозволено одржување на професионални фудбалски натпревари на 5 мај.

Причината е споменот на жртвите од катастрофата на стадионот „Фуријани“ во Корзика во 1992 година.

Тој ден, 19 лица загинаа на стадионот во Бастилја поради уривање на трибината, додека 2.300 гледачи на полуфиналниот натпревар од Купот на Франција против Олимпик од Марсеј беа повредени.

Законот се однесува на играње натпревари во првата и втората француска лига, Купот на Франција и мечот во тамошниот Суперкуп.

Француската лига и првите луѓе на францускиот фудбал беа против оваа забрана, но минатата година беше изгласана од Собранието, а во четвртокот беше потврдена од Сенатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот