Официјално: Уго Екитике е нов напаѓач на Ливерпул
Англискиот шампион во среда објави дека е постигнат договор со Ајнтрахт во врска со трансферот на фудбалерот Уго Екитике, кој ќе стане вториот највреден трансфер ова лето во Европа и Премиер лигата.
Препорачано
И највредниот го направи Ливерпул – со купување на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен за 125 милиони евра.
„Црвените“ му платија на Екитике 80 милиони евра, плус два бонус пакети. Првиот, полесен, ако ја постигне целта, Ајнтрахт ќе добие дополнителни 10 милиони, како и дополнителни пет милиони ако играчот исполни потешка задача со клубот.
Екитике успешно ги помина медицинските прегледи во својот нов клуб во текот на денот и наскоро ќе им се придружи на своите нови соиграчи на азиската турнеја.
Французинот има зад себе една сезона во кариерата – во 46 мечеви за клубот во сите натпреварувања, постигна 26 гола и беше избран во идеалниот состав на Бундеслигата. Пред Ајнтрахт, тој играше за Ремс и Пари Сен Жермен.
Вкупно, Екитике е петтото засилување на Ливерпул ова лето, по Џереми Фримпонг, Милош Керкез, Флоријан Вирц и Гиорги Мамардашвили.
Hugo’s journey to the Reds 🔴 pic.twitter.com/aCsZODDWOI
— Liverpool FC (@LFC) July 23, 2025


