Официјално: Тотре повторно во дресот на ФК Шкендија

фото: kfshkendija.com

По двегодишна пауза, играчот за врска Енур Тотре повторно ќе го носи дресот на Шкендија, доаѓа на позајмица од украинскот клуб Ворскла Полтава.

Позајмица ќе трае шест месеци до крајот на тековната сезона, Тотре доаѓа како засилување за пролетниот дел во кој тетовските „црвено-црни“ ќе се борат за шампионската титула.

– Многу е убаво чувството повторно да се вратам дома, во клубот во кој пораснав и се афирмирав како фудбалер. Шкендија има посебно место во мојот живот и многу сум среќен што повторно ќе можам да придонесам за овој дрес. Му благодарам на клубот за оваа можност и се надевам дека заедно ќе ги постигнеме целите – рече Тотре по официјализирањето на 6-месечната позајмица од Ворскла во Шкендија.

Тотре започна во фудбалската школа на Шкендија, додека за првиот тим дебитираше како 17-годишник. За Шкендија настапуваше седум сезони и беше освојувач нат три шампионски титули и два трофеи во Купот. Во летото 2021 година потпиша за Тирана и на крајот на сезоната беше шампион на Албанија, по што се пресели во Украина во редовите на Ворскла Полтава.

Тотре отпатува за Анталија каде ќе му се приклучи на тимот во подготвителната фаза во Турција. Сезонава Тотре во најсилниот украински шампионат запиша три настапи за Ворскла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот