Официјално: Томица Главчев едногласно избран за нов претседател на КФСМ
Македонската кошарка доби ново предводник – Томица Главчев и официјално е новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), откако денеска едногласно ја доби поддршката од сите 38 делегати присутни на Вонредното Собрание.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Собранието беше свикано откако поранешниот претседател Перо Антиќ не распиша седница во законски предвидениот рок, по иницијативата за негова смена поднесена од повеќе клубови. Тие денеска и формално му изгласаа недоверба на Антиќ, ставајќи крај на неговиот шестгодишен мандат на чело на федерацијата.
Главчев, кој беше единствениот кандидат за функцијата, доби безрезервна поддршка и веднаш го започнува својот четиригодишен мандат како прв човек на мак-баскетот.
Познат како долгогодишен инвеститор и поддржувач на македонската кошарка, Главчев има богато искуство како спонзор и финансиер на повеќе клубови. Тој долги години беше главен покровител на Кожув, му помогна на МЗТ Скопје во првите чекори во АБА-лигата, а стоеше и зад успешниот проект Блокотехна, клуб кој стигна до титулата во БИБЛ-лигата. Освен тоа, финансиски го поддржуваше и српскиот гигант Партизан Белград.
Новото раководство ќе има задача да ја врати стабилноста и довербата во кошаркарската организација и да ги насочи напорите кон развој на домашниот спорт. Главчев денес претходно имаше средба и со Антиќ кој му ја даде својата поддршка.
Кошарката во Македонија денеска добива нов предводник, Главчев ќе го наследи Антиќ


