Џејми Гертц: LANDMARK MEDIA / Alamy / Alamy / Profimedia

Официјално таа е најбогатата актерка на светот: Многумина не ѝ го знаат името, а „тежи“ неколку милијарди долари

Џејми Герц и официјално е најбогатата актерка во светот.

Иако нејзиното име не е познато на многумина, таа играше улоги во филмовите и сериите „Безгранична љубов“, „Крстопат“, „Џерси девојка“, „Твистер“, „Ургентен центар“, „Али Мекбил“, „Модерно семејство“, „Соседи“, „Ова сме ние“ и други.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Сигурно дека титулата најбогата актерка не ја стекна исклучиво преку актерски ангажмани. Таа и нејзиниот сопруг Тони Реслер се косопственици на НБА тимот „Атланта Хокс“ и малцински сопственици на „Милвоки Биверс“, пишува ХМЕ.

Според веб-страницата Celebrity Net Worth, богатството на Џејми се проценува на осум милијарди долари. Иако многумина би претпоставиле дека таа се „омажила богато“, вистината е дека во времето на свадбата, таа заработувала повеќе, а тој една година по свадбата започнал бизнис со своите пријатели, кој со текот на времето, прилично му се исплатил.

Како што се наведува, таа ги плаќала сите нивни одмори и го купила нивниот прв дом во Лос Анџелес.

Овој пар е познат и по своите хуманитарни потфати. Во 2012 година, фондацијата „Giving Beck“ ги прогласи за донатори број еден меѓу сите јавни личности, по рекордните 10 милиони долари од Фондацијата Resler-Gerc, која првенствено се фокусира на уметноста, образованието и здравството.

Актерката е и директор на одборот на „Melanoma Research Alliance“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот