Официјално: Одбојкарите се помеѓу најдобрите 16 во Европа!

Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Aко претходно имаше некакви дилеми сега нема никакви, Македонија дефинтивно е осминафиналист на Европското првенство во одбојка.

Ова стана јасно откако Чешка ја оправда фаворитската улога и ја победи Црна Гора со 3:0 во сетови и тоа и одеше во прилог на Македонија.

Од самиот старт Чешка најави дека оди по победата и доминираше во првиот сет кој го освои со 25:18. Во вториот сет Црногорците дадоа нешто поглем отпор, меѓутоа во финишот од сетот Чешка повторно го подигна нивото и со 25:20 поведе со 2:0.

По тој сет Црна Гора како повеќе да немаше мотивација па Чешка третиот го заврши со 25:15.

Во групата нашиот утрешен противник Холандија има девет бода, Македонија и Чешка по шест, Црна Гора три, Данска нема бодови. Ќе потсетиме, првите четири репрезентации одат во осминафиналето кое ние го обезбедивме, но во мечевите со Холандија и Чешка ќе се обидеме со позитивен резултат да ја избегнеме Италија во нокаут фазата.

ФОТОГАЛЕРИЈА | Македонија вкуси како е да се игра против светска велесила во одбојката

ФОТОГАЛЕРИЈА | Македонските и полските навивачи за прекрасна атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот