Официјално: Младеновски ја засили одбраната на ФК Шкупи

Марио Младеновски потпиша договор на две години со Шкупи/фото: facebook.com/goran.popov

Марио Младеновски, 21-годишниот централен бек во новата натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на актуелниот македонски шампион Шкупи.

Овој договор потпишан на две години беше потврден од неговиот агент, Горан Попов.

Лани беше член на бугарскиот клуб Ботев Пловдив, а воедно беше испратен на позајмица во редовите на Македонија Ѓорче Петров.

На клупски план беше дел и од данската екипа на Фремад Амагер, а професионалната кариера ја започна во Вардар.

Дебитираше за нашата А репрезентација во 2019 година во квалификациите за ЕП 2020 против Австрија, а претходно запиша и 11 настапи за младата У21 селекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот