Официјално: Марко Ројс ќе ја напушти Борусија Дортмунд

Марко Ројс/фото: EPA-EFE/Juanjo Martín

Германскиот фудбалер Марко Ројс денеска соопшти дека на крајот од сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Ројс (34) им се обрати на навивачите преку клупската веб-страница и ја објави својата одлука да си замине по 12 години.

Долгогодишниот капитен на „милионерите“ е роден во Дортмунд, а во клубот во кој порасна дојде од Борусија Менхенгладбах во 2012 година.

– Неверојатно сум благодарен и горд на овој посебен период во мојот сакан клуб. Поминав повеќе од половина од мојот живот во клубот и уживав во секој ден, иако секако имаше тешки моменти. Веќе знам дека ќе ми биде тешко да се збогувам на крајот од сезоната – рече Ројс.

Сметајќи ги сите натпреварувања, Ројс одигра 424 мечеви за клубот од Дортмунд и постигна 168 голови. Со клубот го освои германскиот куп во 2017 и 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот