Официјално: Лино Червар ќе го враќа Пелистер на шампионскиот трон
Екипата на Пелистер и официјално ја отвори новата ера со промоцијата на легендарниот хрватски стратег Лино Червар за нов шеф на стручниот штаб. Искусниот тренер стави потпис на двегодишен договор и ќе го предводи битолскиот состав во сезоната 2025/26.
Препорачано
Во битолскиот клуб јасно порачуваат дека амбициите остануваат шампионски, а ангажманот на Червар е потврда дека „зелено-белите“ сакаат дополнително да напредуваат по трите освоени титули во домашниот шампионат и настапите во Лигата на шампионите.
„Чест ми е што доаѓам во Пелистер, кој има голема ракометна традиција. Ќе направам сè со моето искуство и заедно со играчите и управата да промовираме нови идеи како на спортски, така и на организациски план“, изјави Червар.
Хрватскиот стратег важи за едно од најголемите тренерски имиња на Балканот. Во својата богата кариера ги водеше репрезентациите на Италија, Хрватска и Македонија, а на клупски план работеше во Загреб и Металург. Со хрватската репрезентација освои олимписко и светско злато, додека во македонскиот ракомет остави силен белег преку успесите со Металург и националниот тим.
РК Вардар 1961 ја продолжи соработката со Марио Келентриќ до 2028 година


