Официјално: Крстајиќ повеќе не е селектор на Бугарија

Фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Српскиот тренер Младен Крстајиќ повеќе нема да биде селектор на Бугарија по лошите резултати во последниот период.

Првите луѓе на бугарскиот фудбал одлучија да се разделат со со Крстајиќ откако репрезентацијата одигра катастрофално во квалификациите за Европското првенство. Незадоволството кулминираше со поразите од Албанија и Литванија во октомврскиот циклус.

Засега не е познато кој ќе биде нов селектор, но се најавува дека сигурно ќе биде домашен стратег бидејќи експериментот со странец засега се покажал како неуспешен.

Бугарија квалификациите ги заврши на последното место во групата без ниту една победа со само две нерешени средби и четири порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот