Официјално: Ердал Ракип од Малме во турскиот Анталијаспор

фото: instagram.com/antalyaspor

Денеска турскиот фудбалски клуб Анталијаспор како ново зимско засилување го промовираше македонскиот фудбалер од средниот ред Ердал Ракип (26). Официјално Ракип потпиша договор на две ипол години со тимот кој настапува во турската Супер лига.

До сега беше дел од шведскиот Малме (од 2019 година) со кој шестпати беше шампион на таа земја. Беше член и на Бенфика и Кристал палас, но без ниту официјален настап.

За најдобрата македонска фудбалска репрезентација запиша два настапи, дебитираше во сениорскиот дрес пред две години во победата од мундијалските квалификации против Лихтенштајн (4:0).

– Верувам дека ќе имам успешен период од најмалку 2,5 години според плановите. Од денот кога пристигнав имам многу убаво чувство. Подготвен сум да придонесам за Анталијаспор. Се надевам дека оваа позитивна атмосфера ќе се одрази и на резултатите на теренот. Претходно ја следев турската Супер лига, мислам дека не е баш онаму каде што заслужува тимот да биде. Верувам дека со мојата помош и други трансфери ќе бидеме на многу повисоко место во следните натпревари и години. Ветувам дека ќе го дадам максимумот – рече Ракип.

Моментно во шампионатот Анталијаспор се наоѓа на 15 позиција со 18 бодови, само еден помалку од Хатајспор кој се наоѓа во опасната зона за испаѓање од лигата. Фенербахче на Езџан Алиоски е на втората позиција со 38 бодови (четири помалку од водечкиот Галатасарај), потоа Адана Демирспор на Јован Манев на четвртата позиција со 33, додека Трабзонспор на Енис Барди е на шестото место со 32 бодови, колку што има и петтопласираниот Бешикташ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот