Официјално: Диого Жота потпиша нов договор со Ливерпул
Португалскиот репрезентативец ќе ги брани боите на Ливерпул до лето 2027 година. Диого Жота потпиша нов договор на пет години.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Го облече дресот на „црвените“ доаѓајќи од редовите на Вулверхемптон во 2020 година и им се придружи на Мохамед Салах, Трент Александер-Арнолд, Џордан Хендерсон и Фабињо кои претходно потпишаа долгорочни договори со Редси.
Овој 25-годишен играч минатата сезона постигна 21 гол во сите натпреварувања за клубот од „Енфилд“, а сега конкуренција во нападот ќе има во Дарвин Нуњез кој стигна од Бенфика.
– Горд сум што потпишав нов договор со Ливерпул. Откако дојдов пред две години, се етаблирав како важен играч во тимот и тоа го посакував од самиот почеток. Сега потпишав долгорочен договор, тоа е показател дека клубот ми верува, а јас ќе продолжам добро да работам за да обезбедиме најдобри можни резултати за тимот следната сезона – рече Жота за клупскиот сајт.
Со Ливерпул успеа до сега да ги освои по еднаш ФА Купот, Лига купот и Комјунити Шилд, а лани беше финалист во Лигата на шампионите.
Even @DiogoJota18 can’t help but join in ? pic.twitter.com/Nj1aBImeM6
— Liverpool FC (@LFC) August 2, 2022


