Официјално: Благој Гуцев е новиот тренер на ФК Беласица

фото: facebook.com/belasicafc

Денеска фудбалскиот клуб Беласица ја информираше јавноста дека нов тренер на екипата на Благој Гуцев.

По вчерашниот спогодбен раскин на соработката помеѓу ФК Беласица и Шефки Арифовски, за нов шеф на стручниот штаб е поставен доскорешниот помошен тренер и поранешниот фудбалер кој е дете на школата на ФК Беласица.

– Благодарност до Арифовски за соработката, а на Гуцев му посакуваме среќна и успешна сезона – пренесуваат од клубот.

На последниот натпревар од Втората македонска фудбалска лига (2МФЛ) струмичани со Арифовски триумфираа над Беса 1976 со резултат 1:0.

Беласица моментно е на седмото место на табелата со осум бодови, а следниот меч ќе го има на 8 октомври на гости кај Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот