Официјално: Алексис Санчез е нов фудбалер на Интер

фото: EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

Чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез (34) потпиша договор со миланските „нераѕури“ до 30 јуни 2024 година.

Санчез веќе го носеше дресот на Интер во периодот од 2019 до 2022 година со 109 настапи, 20 голови и три трофеи, по еден во Серија А, Купот и Суперкупот на Италија, а беше финалист во Лига Европа.

Минатата сезона играше за францускиот Марсеј во чиј дрес 18 пати се запиша во листата на стрелците во 44 натпревари.

Професионалната кариера ја почна во Кобрелоа, па се пресели во Удинезе, играше на позајмица во Коло-Коло и Ривер Плејт, беше член и на Барселона, Арсенал и Манчестер јунајтед.

Со Барса исто така имаше врвни успеси, по еднаш ги освои Ла Лига, Копа дел Реј, УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство и двапати шпанскиот Суперкуп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот