Одржан првиот состанок на меѓународната група на експерти меѓу Северна Македонија и Грција

Меѓународната група на експерти меѓу Република Северна Македонија и Република Грција денеска во Скопје го одржа првиот состанок и ги охрабрува бизнис заедниците на двете земји да го започнат својот дијалог во духот на Преспанскиот договор.

Експертската грпа, под раководство на шефот на делегацијата на нашата земја, проф. Ѓорѓи Филипов и на шефот на делегацијата на Грција , проф. Фотини Папартис, во рамки на состанокот размениле мислења и разговарале за Деловникот за работа на Меѓународната експертска група, имајќи ги предвид заклучоците од претходните состаноци што се одржаа во Солун.

Ко-претседавачите на двете земји, се наведува во соопштението од МНР, се согласиле следната средба да се одржи во Атина, на датум кој претходно ќе биде усогласен, а по можност да се одржи во првата недела од ноември 2019 година.

Меѓународната група на експерти е основана согласно член 1, став 3ж, од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената Спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, направена во Преспа на 17 јуни 2018 година.

Меѓународната експертска група, се вели во соопштението, ги охрабрува бизнис заедниците на двете земји да го започнат својот дијалог во духот на Преспанскиот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот