Фото: ФФМ

Одредени двојките за баражите во борбата за место во Втората фудбалска лига

Во просториите на ФФМ се одржа жрепката за бараж натпреварите за пополнување на Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2026/2027.

За четирите места во оваа конкуренција ќе се борат осум екипи од кои три се екипи кои се пласираа од деветтото до 11-тото место во Втората лига и петте шампиони во регионалните лиги.

Жрепката одреди за место во Втората македонска лига да се соочат:

Тетекс Тетово – Влазними Струга

Каменица Саса – Еуромилк ГЛ

Кожув Гевгелија – Борец Велес

Победа Валандово – Камјани Камнењане

Натпреварот Тетекс – Влазними ќе се одигра на 31 мај со почеток во 16 часот и 30 минути, ден порано во истиот термин на програмата се останатите три средби, а градовите домаќини дополнително ќе бидат одредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот