Одреден датумот и местото на одигрувањето на европскиот Суперкуп

Фото: EPA-EFE/Petteri Paalasmaa

Фудбалерите на Манчестер Сити и Севиља во август ќе го играат натпреварот во УЕФА Суперкупот.

Традиционално победникот во Лигата на шампионите ќе игра против освојувачот на Лигата на Европа. Натпреварот веќе е закажан за на 16-ти август на стадионот „Караискас“ во Атина.

Првобитно домаќин на натпреварот требаше да биде Казањ, тоа беше одредено во 2020 година, но одлуката се промени откако Русија беше исклучена од натпреварувањата на УЕФА поради војната.

На крајот Европската куќа на фудбалот донесе одлука средбата да се игра на домот на грчкиот гигант, Олимпијакос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот