Фото: EPA/PAUL BUCK

Одобрено проширување на НБА лигата, се враќа Сиетл, доаѓа и Лас Вегас

Едногласна одлука на сите 30 актуелни сопственици на НБА кошаркарски клубови даде зелено светло за преговори со заинтересирани инвеститори во Лас Вегас и Сиетл.

Легендарните зелени дресови на Сиетл суперсоникс повторно би можеле да ги видиме на терените низ НБА. Сопствениците на 30-те НБА клубови, кои го сочинуваат Одборот на гувернери на лигата, едногласно одлучија да започнат со разгледување на проширувањето на лигата за два тима и можноста за клубови за градовите Сиетл и Лас Вегас.

Суперсоникс се натпреваруваа во лигата од 1967 до 2008 година, пред клубот да се пресели во Оклахома сити и да го добие прекарот Тандер откако беше купена од група инвеститори од Оклахома во 2006 година.

Лас Вегас немаше НБА тим, но во последниве години овој град во државата Невада доби два тима во четири од најпопуларните американски спортови. Градот е дом на Лас Вегас рејдерс, кои играат во НФЛ, најдобрата лига во светот во американски фудбал, како и на Голден најтс, кои се натпреваруваат во НХЛ.

Враќањето на НБА кошарката во најголемиот град во Орегон би им дало на тимовите од Сиетл можност за учество во сите четири најпопуларни американски спортови. Градот е дом на „Сихокс“, шампионот на НФЛ, и бејзбол клубот „Маринерс“, како и на НХЛ клубот, Сиетл кракен.

Оклахома Сити Тандер, актуелните шампиони на НБА, како законски наследници на „СуперСоникс“, формално ја држат титулата од 1979 година, која ја освои Сиетл, иако раководството на „Тандер“ одлучи да не закачи транспарент посветен на тој трофеј во салата, што е обичај во НБА. Доколку Сиетл се врати, наводно ќе му биде дозволено да го користи прекарот СуперСоникс и логото што го имаше пред да се пресели во Оклахома.

Иако Лас Вегас досега немаше тим во НБА, градот со години е домаќин на Летната лига, како и на Ол-стар викендите, а клубот „Ејс“ во Женската национална кошаркарска асоцијација (WNBA) исто така се натпреварува таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот