Израел знаме Фото: МИА

Одмазда по масакрот во Сиднеј – свински глави фрлени на муслиманските гробишта

На муслиманските гробови на гробиштата Нарелан во западен Сиднеј биле фрлени свински глави, во инцидент кој е оценет како вознемирувачки чин на одмазда по терористичкиот напад на плажата Бонди, пренесува „Телеграф“.

„Оној што го направил ова не докажа ништо освен омраза. Вие не сте решение на проблемот, туку сте дел од проблемот“, рекол муслиманскиот погребник Ахмад Храичи.

Тој навел дека станува збор за „чиста глупост“ која само поттикнува гнев, болка и поделби, истакнувајќи дека луѓето погребани во тие гробови немаат никаква врска со актуелните настани.

„Гробовите се места на мир, достоинство и почит во сите вери и за целото човештво. Ако сакате мир или правда, ова не е начинот“, порача Храичи.

Инцидентот се случил во момент кога муслиманските лидери во Сиднеј соопштија дека ќе одбијат да извршат верски погребни обреди или да примат тела на осомничените за нападот во Бонди, Навид Акрам (24) и неговиот татко Саџид Акрам (50).

Истакнатиот исламски лидер во Сиднеј, Џамал Рифи, изјавил дека муслиманската заедница не ги смета напаѓачите за дел од исламот.

„Она што го направија не е прифатливо за никого од нас. Во нашата вера стои дека убиството на невин е исто што и убиство на целото човештво“, рекол Рифи.

Австралискиот национален совет на имами исто така го осуди нападот, порачувајќи дека „мислите и молитвите се со жртвите, нивните семејства и со сите кои се погодени од овој длабоко трауматичен настан“, со повик за единство и солидарност на сите Австралијанци.

Во нападот на плажата Бонди во Австралија, за време на прославата на еврејскиот празник Ханука во неделата попладне по локално време, загинале вкупно 16 луѓе, вклучувајќи едно дете и еден напаѓач, пренесува Телеграф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот