Одлука на градските власти на Рио де Жанеиро: Забранет пристап до плажите на Копакабана во новогодишната ноќ

Фото: EPA-EFE/Antonio Lacerda

Градските власти на Рио де Жанеиро објавија дека ќе забранат пристап до плажите за Нова година за да се избегне метеж среде пандемијата на коронавирусот. Забрането е движење и паркирање на возила во крајбрежната зона на градот.

Милиони луѓе вообичаено се собираат на плажите за дочек на Новата година. Минатата недела, сепак, градското собрание на Рио објави дека квартот Копакабана, каде што обично се концентрираат прославите, ќе биде целосно изолиран од 20 часот на 31 декември и во него ќе може да влезат само неговите жители.

Мерката сега го проширува својот опсег. Сите пристапни патишта до крајбрежните области, кои се протегаат на над 30 километри, ќе бидат затворени и ќе бидат поставени 40 полициски пунктови. Јавниот превоз, вклучително и метрото, ​​нема да ги опслужува населбите во близина на плажите за новогодишната ноќ. Само такси со жители на населбите ќе можат да се движат таму.

Огнометите се забранети. Градското собрание на Рио првично планираше виртуелна прослава на Копакабана со музички настапи на интернет, но пред две недели објави целосно откажување на тамошните прослави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот