Одложено рочиштето за „Рекет“, двајца сведоци не се појавија во судот

Фото: Слободен печат/Драган Митревски

Вториот сведок Лидија Јаневска исто така не дојде на судење, поради, како што рече судечкиот судија неуредна достава на покана.

Бизнисменот Владимир Тодоровиќ, кој денеска требаше да сведочи во процесот „Рекет“ вчера го известил судот дека поради итни службени обврски во Бугарија извесен период нема да е во можност да се појави во судница.

Вториот сведок Лидија Јаневска исто така не дојде на судење, поради, како што рече судечкиот судија неуредна достава на покана.

По однос на барањето на Бојан Јовановски за замена на затворскиот притвор со друга алтернативна мерка, судечкиот совет денес извести дека одлучил обвинетиот Јовановски и понатаму да остане во притвор.

Според судот мерката притвор му била пред 15 дена потврдена и продолжена и ид скопскиот Апелационен суд, а не била во поголема мерка и здравствената состојба на Боки 13.

Следното рочиште е закажано на 3 март за кога судот повика шест сведоци. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција има поднесено обвинение против Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот