Одговор на тужбите во САД: „Гугл“ и „Фејсбук“ со заедничка одбрана за антимонополските истраги

Фото: EPA-EFE/JULIAN STRATENSCHULTE GERMANY OUT

Технолошките компании „Гугл“ и „Фејсбук“ подготвиле заедничка одбрана во антимонополските тужби поднесени против нив од редица сојузни држави и од сојузни органи како Федералната трговска комисија (ФТЦ).   

Според одделна тужба поднесена од десет сојузни држави, а до која дојде „Волстрит Журнал“, се дознава дека двете компании се договориле „да соработуваат и меѓусебно помагаат” во подготовките на антимонополската истрага.  

Во десетте сојузни држави на власт се републиканците со републикански државни обвинители. Тие денеска поднесоа тужба против „Гугл“ за наметнување монопол во онлајн рекламниот бизнис, и ковање заговор со „Фејсбук“ да се истиснат помалите рекламни компании.  

Против двата технолошки гиганта досега се поднесени уште две заеднички тужби од речиси сите сојузни држави во САД и од федералните служби како ФТЦ, одговорни да сузбиваат нелојална конкуренција. Против „Фејсбук“ е отворен посебен случај поради откупот на „Ватсап“ и на „Инстаграм“, конкуретни социјални мрежи

„Фејсбук“ ги отфрли обвинувањата и укажа дека двете компании биле не купени за да се наштети на конкуренцијата, туку да се зголемат понудите за избор и привилегии за издавачите. Од „Гугл“ изјавија дека нема ништо погрешно или ексклузивно во договорот за аукции на реклами со „Фејсбук“

– Тврдењата се неточни. Ние не манипулираме со аукциите, изјави портпарол на „Гугл“

Според договорот, се работи за „Фејсбук“ да добие фиксен процент од рекламни аукции. Внатрешен меморандум на „Фејсбук“ го оценил договорот како „ефтин”, во споредба со директната конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот