Одборот за мир го објави приемот на Албанија како членка основач на меѓународната организација на Трамп
Одборот за мир официјално го објави приемот на Албанија како членка основач на меѓународната организација, пренесува Еуроњуз Албанија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Одборот за мир ја поздравува Албанија како член основач на нашата растечка меѓународна организација“, се вели во објавата на Одборот на социјалната мрежа Икс.
The Board of Peace welcomes Albania as a founding member of our growing international organization. pic.twitter.com/0YoSxTGksA
— Board of Peace (@BoardOfPeace) January 28, 2026
Одборот за мир официјално беше основан во четвртокот, на 22 јануари во Давос, каде што претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја потпиша основачката Повелба на новата меѓународна иницијатива, за време на посебна церемонија во рамките на Светскиот економски форум.
Церемонијата на потпишување започна со претставување на членовите основачи на Одборот за мир, вклучувајќи политички личности од помалку од 20 земји.
Истиот ден албанското собрание со 110 гласови „за“, без гласови против и воздржани го ратификуваше на пристапниот договор на Република Албанија, претставувана од премиерот Рама, во Мировниот одбор.
Одборот, со кој претседава Трамп на неодредено време, првично беше замислен како ограничено тело со задача да ја надгледува реконструкцијата на Појасот Газа, кој беше опустошен од двегодишната војна на Израел.
Трамп првично го предложи Мировниот одбор како дел од втората фаза од планот за прекин на огнот во Газа од 20 точки, посредуван од САД, во септември. Советот за безбедност на Обединетите нации го одобри планот во ноември, давајќи му меѓународен легитимитет, со мандат за одборот да ја надгледува демилитаризацијата и реконструкцијата на Газа.


