Одбојкарите во драматичен натпревар поразени од Белгија

Фото: ОФМ

Oдбојкарската репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз во четвртиот натпревар од Европската златна лига. Во драматичен натпревар избраниците на Хари Наковски беа поразени од Белгија.

Македонија одигра квалитетен натпревар и беше пред победа во Беверен, но на крајот домаќините дојдоа до победа во натпревар во пет сета: 25-22, 22-25, 25-17, 24-26 и 17-15.

Нашата репрезентација беше пред пораз кога Белгија имаше две меч топки на 24:22, но со серија од четири поени дојдовме до 24:26 во четвртиот сет. Во следниот сет Македонија водеше со 6:10 и 7:11, но тогаш дојде до неочекуван пад во нашата игра и Белгја направи пресврт во петиот сет и славеше во тај-брејкот со 17:15.

Вториот турнир во Европската златна лига, Македонија го заврши со победа против Азербејџан и пораз од Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот