ВИДЕОИНТЕРВЈУ| Дино Коцев малиот-голем фан на групата „Меморија“ се качи на бината

Дино Коцев / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Музиката на групата „Меморија“ сплотува различни генерации, доказ за тоа е нивниот обожавател, Дино Коцев, кој е трето одделение во ОУ „Партениј Зографски“ во Скопје.

На големиот концерт кој се одржува во салата Борис Трајковски, Дино бил во прв ред со знамето по што музичарите го забележале и го повикале на бината.

– Не ми беше срам, ниту пак страв, немав и трема, многу ми беше убаво на сцената. Од таму многу поубаво се гледа публиката и дека има многу луѓе. Прекрасно се чувствував-вели Дино за „Слободен печат“.

Дино Коцев / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тој уште од многу мала возраст ги слуша „Меморија“. На четири години покажал интерес за повеќе инструменти, го интересирало како произведуваат музика. Често прашувал :Што е ова, а ова што е, а како свири трубата … Родителите за полесно да го запознаат со повеќе музички инструменти се сетиле дека „Меморија“ се одличен пример за тоа.

– Од малечок ги слушам и многу ја сакам нивната музика. Сите песни ми се допаѓаат. Секој ден си пуштам некоја песна од „Меморија’-раскажува Дино.

Тој се и на последниот концерт во Штип бил во прв ред и повторно ја имал привилегијата да се качи на бината и да пее рамо до рамо со докажаните музичари.

Дино кога ќе порасне сака да биде или фудбалер или пејач, или и двете.

Погледнете го целиот разговор во продолжение:

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот