ФОТО | Калин опериран во болница во Минхен: Ќе се вратам посилен!

Фото: Калин Ивановски/Инстаграм

На македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски во болница во Минхен денеска му беше извршена операција на колкот, повреда поради која подолг период е надвор од терените.

Калин поради оваа повреда е надвор од терените од почетокот на сезоната и не учествуваше на ниту еден турнир. Негово враќање на тениските терени се очекува септември или октомври.

Во објавата на социјалните мрежи Калин порача дека се поминало во најдобар ред и очекува уште посилен да се врати на терените.

Последниот настап македонскиот тенисер го имаше кон крајот на ноември на турнирот во Јапонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kalin Ivanovski (@kalin_ivanovskii)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот