Работел како келнер за да преживее, а денес ќе дебитира на Европско првенство

Фото: EPA-EFE/PETER SCHNEIDER ©KEYSTONE/PETER SCHNEIDER

Фудбалот знае да испише неверојатни приказни, а токму таква е приказната на репрезентативецот на Словачка, Вернон Де Марко.

31-годишниот Де Марко денеска ќе дебитира на едно Европско првенство, но неговиот фудбалски пат воопшто не беше лесен.

Уште како дете Де Марко ја напуштил родната Аргентина и се преселил во Австрија каде што ги направил првите фудбалски чекори, но на почетокот прво тренирал кошарка.

„До моите 12 години тренирав кошарка, потоа одлучив да се пробам во фудбалот и очигледно не погрешив“, изјави Де Марко.

На почетокот од кариерата во деновите кога бил полнолетен морал да работи и како келнер во хотел за да преживее, платата од фудбалот како член на Констанциа му изнесувала само 225 евра.

„Во Мајорка играв за Констанциа од четвртата лига и имав плата од 225 евра месечно, тоа не беше доволно ниту за бензин. Морав да работам и нешто друго, па така најдов втора раота во хотел во Мајорка“.

Неговата кариера кон подобро тргнала во 2012 година кога добил повик од неговиот агент.

„Добро се сеќавам, беше 2012 година и тој телефонски повик ми го промени живот. Околу 23 часот бев во кино кога ме побара мојот агент и ми понуди да се преселам во втората лига во Словачка. Искрено, тогаш не знаев каде се наоѓа Словачка и барав на мапа. Размислував малку и потоа прифатив, тоа беше најдобрата одлука која сум ја донел“, признава Де Марко.

Првиот клуб за кој играше во Словачка бил Земплин Михаловце и тука се задржал до 2016 година по што следел трансфер во Слован Братислава од каде што потпишал за Лех од Полска, за во 2021 година да се врати во Слован. Таа 2021 година добил и државајнство на Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот