УЕФА отворила истрага против Албанија

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Поради однесувањето на навивачите пред, во текот и по натпреварот против Италија, УЕФА отвори истрага против Албанија.

Според информациите на порталот „Б92“, Дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот ја разгледува можноста, Албанија да биде казнета.

Навивачите на Албанија во натпреварот против Италијанците фрлаа предмети на теренот и палеа пиротехнички средства, а имаше и ситуација во која еде навивач влезе на теренот.

Покрај сето тоа имаше и провокативни пораки што било доволно УЕФА да отвори истрага.

ВИДЕО | Во Гелзенкирхен се степаа српски и албански навивачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот