ВИДЕО | Романија и одржа лекција по фудбал на Украина, Станчиу блесна со еврогол!

Фото: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Влезе Украина како фаворит во натпреварот против Романија, но на крајот Романците славеа победа и тоа со убедливи 3:0.

Добро започнаа Украинците создаваа шанси, меѓутоа кога не ги искористија приликите стигна вистински студен туш на спротивната страна. Николаи Станчиу го постигна еден од најубавите голови досега на првенството со вистинска „бомба“ го матираше Андреј Лунин.

Тој гол како да даде дополнителна мотивација на Романците, па набрзина создадоа неколку прилики. Станчиу имаше и уште еден одличен обид кога директно од корнер ја погоди пречката.

Со предност од 1:0, Романија замина на полувремето. Се очекуваше Украина да тргне по пресврт во вториот дел, но уште на стартот од вториот дел Романија постигна два брзи гола за водство од 3:0.

Вториот гол беше дело на Марин во 53. минута, а Драгуш само четири минути стрелаше и за 3:0.

Тие два гола ги откажаа Украинците, па така Романија до крајот успешно го сочува резултатот и освои важни три бода во групата во која се уште Белгија и Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот