Англија и Србија вчера одиграа натпревар каков што немало на ЕП 44 години

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вчера во Гелзенкирхен се сретнаа екипите на Србија и Англија, а славеше селекцијата на „Гордиот Албион“ со 0:1.

Во овој натпревар беше поставен и еден анти-рекорд. Имено двете репрезентации упатија вкупно 11 удари кон двата гола. Србија шутна шест пати кон голот на Пикфорд, додека Англичаните на спротивната страна пет пати се заканија.

Бројката од 11 удари е најмалку на еден натпревар од Европско првенство уште од 1980 година.

Србија имаше еден удар повеќе од Англија, но не успеа да постигне гол. Така Англија ја зачува својата мрежа по петти пат во групната фаза на еден континентален собир и тоа не ѝуспеало на ниту една друга репрезентација.

Oд останатите интересни податоци поврзани за овој натпревар, Белингам стана првиот европски играч кој пред 21 година настапил на три големи натпреварувања и првиот кои на две постигнувал гол, а да не играл во Премиер лигата.

Пикфорд во натпреварот против Србија се израмни со легендарниот англиски голман

Пораз од Англија и веднаш „искри“ во Србија: Тадиќ незадоволен, Пикси вели дека станувало збор за „тактика“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот